Цените на гасот на европските пазари нагло пораснаа по нападот врз катарската индустриска зона Рас Лафан, јавува Би-Би-Си.
Последици од нападот
Во раната трговија, цените на големопродажните пазари во Велика Британија и Европа пораснаа за повеќе од 25%, пред благо да се стабилизираат. Иако тековните цени се под врвовите забележани претходно овој месец, тие се повеќе од двојно повисоки во однос на нивото пред почетокот на конфликтот.
Цените на гасот утрово скокнаа за повеќе од 20% по новите напади врз енергетската инфраструктура на Блискиот Исток, вклучително и главниот гасен комплекс во Катар.
Цената на нафтата исто така порасна, за околу 5% повеќе од претходно, и се движи околу 113 долари за барел. Државната енергетска компанија на Катар соопшти дека две серии ирански напади предизвикале „обемна штета“ на главниот гасен центар во земјата.
