Зоолошката градина прва дестинација за граѓаните – над 4.000 посетители во текот на викендот, проблем е паркингот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Градскиот парк и Зоолошката градина остануваат најпосетените дестинации на граѓаните за време на викендите. Зад мене се гледаат долгите редици граѓани кои чекаат на влез во зоолошката градина.“, вели репортерот на ТВ21.

Посетителите се од различни градови, а голем  број се од Косово. Граѓаните кои доаѓаат не се жалат на долгата редица, туку на недостигот на паркинг. Како што велат бројот на посетители е исклучително голем, а бројот на паркинг места е мал.

Инаку ТВ21 неофицијално дозна дека над 4 илјади граѓани ја посетуваат зоолошката градина во Скопје само преку викенд.