Кога го гледаме небото ноќе, често можеме да пронајдеме многу ѕвезди, доколку небото е ведро. Но, дали некогаш сте се обиделе да ги видите ѕвездите од авион? Ако сте се обиделе, тогаш сте приметиле дека не може да ги видите. Зошто е тоа така? Научник има одговор на ова прашање.
Најблиската ѕвезда на нашата планета е Сонцето, и покрај тоа што е оддалечена 150 милиони километри. И покрај таа оддалеченост, светлоста на Сонцето до Земјата стигнува за околу осум минути.
Ѕвездите се неверојатно далеку од нас, но логично е ако се гледаат од тлото на земјата, тогаш би требало да може да се гледаат и од висина.
Постојат низа на причини зошто не можеме да ги видиме ѕвездите од прозорецот на авионот кога летаме. Ако навечер летате над метрополитанската област, често нема да ги видите ѕвездите поради претераната уметна расвета под вас. Уште една причина поради која не може да ги видите е светлоста на Месечината.
Главната причина што не може да ги видите убездите лежи во светлото во кабината.
„Можете тоа прилично лесно да го сфатите ако размислите за тоа кога сте дома. Ако светлото дома ви е запалено, а надво е темно, што може да видите? Надвор некој кој гледа внатре може да види што правите, но ако сакате да видите што се случува надвор, мора да ги изгаснете светлата, зарем не?“, се прашал научникот Етан Сигел.
