Зошто е добро да спиете со лук под перница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Освен што со векови се смета за најдобар и најмоќен природен антибиотик, некои луѓе секогаш ставаат лук под перница пред да си легнат.

Постојат неколку оправдани причини за ова, и ниту една не се заснова на суеверие!

Дали помага при затнат нос?

Мирисот на лук, наводно, може да помогне при затнат нос бидејќи наводно ги расчистува дишните патишта и поттикнува исфрлање на слузта. Тој процес е бавен, но ефикасен, пишува „Bright Side“.

Го зајакнува имунолошкиот систем?

Се верува дека лукот уништува многу видови на лоши бактерии и има силна антибактериска моќ. Ако редовно спиете со лук под перница, веројатно ќе забележите дека полесно се будите наутро и се разболувате поретко.

Ги одбива инсектите

За инсектите, а особено за комарците, лукот е токсичен и бегаат од неговиот мирис, а со тоа и од вас.
Ќе спиете подобро?

Лукот е богат со витамин Б1, за кој науката тврди дека ви помага да спиете подобро. Покрај тоа, тој е богат со витамин Б6, кој го подобрува лачењето на мелатонин, познат како „хормон на спиењето“. Исто така, се верува дека лукот има позитивно влијание врз нервниот систем, за да може да ве смири и да го релаксира мозокот.