Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува пратеникот Кастриот Реџепи со кого разговаравме околу тоа зошто го променил своето мислење и не се појави на седницата за гласање на недоверба во Собрание.
Тој вели дека потписите ги дале со цел да падне Владата.
„Да, се потпишав и јас. Имаше друг договор. Имавме други ветувања. Ни рекоа дека ќе има и други пратеници. Се потпишавме и отидовме дома. Кога стигнав дома, гледам фотографија со Апасиев. Се збунив. Нож во грб. Што да зборам повеќе. Веднаш сменив мислење. Видов дека ова не оди на арно. Сам си донесов одлука. Почнав да се консултирам и со пријатели. Се исконсултирав и со странци, претседател сум на собраниската комисија за меѓународна соработка“, вели Реџепи.
Тој додава дека има многу пријатели.
„Чекајте луѓе, па почнаа многу работи да ми се враќаат во глава, прво 27 април, второ дали ВМРО јасно се изјасниле за Преспанскиот договор, потоа ми текна дека Левица се анти-НАТО и анти-ЕУ ориентирани, и си велам оваа работа не ја бива“, истакна Реџепи.
