Зошто компаниите се откажуваат од трасите?, одговара Бочварски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека двете траси на патот кон Прилеп биле напуштени од страна на странските компании кои ги воделе.

„Патот кон Прилеп, односно Градско – Прилеп, двете траси кои беа започнати и на двете имаме напуштање на трасата, и од едната и од другата компанија“, посочи Бочварски.

На прашање на модераторот за тоа зошто компаниите се откажуваат од изградба на трасата, министерот порача дека причината е секогаш различна.

„Надзорниот орган констатира дали се работи за лошиот проект на трасата, дали за немање на капацитетност на тие компании, некогаш изговорот е Ковид кризата која што се случуваше во изминатите месеци“, додава Бочварски.

Во продолжение целата изјава: