Зошто Никола Тодоров исчезна од политиката?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Никола Тодоров, поранешниот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21.

Тодоров беше прашан зошто преку ноќ исчезна од политиката.

„Едноставно сакав да се повлечам од политиката и да се посветам на мојата работа – адвокатурата. Кога сте се подолго во политиката, останувате во политиката, и немате време за ништо друго. Едноставно сакав да се повлечам, сметам дека ми беше доста“, рече Тодоров.