Зошто се врши притисок врз Талат Џафери?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонија е без Собрание, а Владата веќе долго време е техничка поради пандемијата која ја принуди државата да ги одложи изборите. Но, колку е одржлива ваквата ситуација?

Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека ваквата ситуација му наштетува на демократскиот концепт.

„Ова долгорочно не е одржливо, најпрво му наштетува и на парламентарниот демократски концепт како и либералниот за поделба на државите. Не само што немаме Парламент, како законодавен механизам кој ја има контролата кај себе, туку имаме техничка влада за овластување на носење на законски решенија, и тоа долгорочно не може да опстои, но зависи од сигналите во здравството“, вели Алберт Муслиу.

Уставниот суд и стави крај на дебатата за тоа дали треба или не пратениците да се вратат во Собрание. Од Уставен појаснија дека мотивот на судијата Кадриу бил едноставен, да се врати Собранието заради стабилизирање на функционирањето на институциите. Некои правни експерти претходно излегоа со став дека седница може да се свика и без одлука на Џафери. Но зошто се направи овој притисок врз Џафери?

„Тој притисок се направи и пред Претседателот да прогласи вонредна состојба, имаше иницијатива да се врати парламентот и тој да прогласи вонредна состојба. Ние сега сме во ситуација кога по втор пат претседателот ја продолжува вонредната состојба. Сега дали се прави тоа заради политики поени или за дефокусирање на јавноста, тоа е друго прашање, може да се прави и од незнаење“, додава Муслиу.

На 22 април пратеници на СДСМ, АА, Алтернатива, Беса и ДПА почнаа иницијатива за враќање на Собранието, но истата не беше прифатена од претседателот на Собранието, Талат Џафери кој рече дека враќањето на Собранието е противуставно, бидејќи мандатот е вратен кај граѓаните. Иницијативата на партиите е отфрлена и од Уставен суд.