Доколку мислите дека не е важно како седите, се лажете, тоа во голема мера може да влијае на вашето тело.
Сите стручњаци ќе се согласат во едно – дека не е добро премногу да седите во текот на денот. Претераното седење може да предизвика лошо расположение, вкочанетост на мускулите, згрбавеност, а може да влијае и на животниот век.
Новинарот Дан Батнер испитувал и се занимавал со најдолговечните луѓе на светот. Така ја интервјуирал најстарата жена на светот.
„Лично се уверив како седи на подот. Два дена минав со таа 103-годишна жена, и стануваше и седеше на под меѓу 30-40 пати, и тоа е меѓу 30-40 клечења дневно“, заклучи новинарот.
Зошто седењето на под е подобро? Кога седите на подот го терате телото да работи повеќе. На тој начин ја зголемувате флексибилноста на мускулите, а како што седењето на под не е удобно, често ќе станувате.
Во текот на станувањето ќе го ангажирате средниот дел на трупот, и ќе ја подобрите рамнотежата.
