Зошто сме често поспани на зима?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зимската поспаност е нешто кое доаѓа природно со ладните денови. Книга, топла напивка, кревет… Тоа се нештата кои ги посакуваме кога времето надвор е ладно.

Не сте единствени ако во овие денови не можете се „кренете“ од кревет и сте ненаспани без разлика на тоа колку часа спиете.

Со почетокот на зимата, сите имаат желба само да „потонат“ во зимски сон до пролетта. Зимоска тешко стануваме наутро, а во текот на денот ни е потребна дремка за која во остатокот од годината не размислуваме.

Според научните истражувања, на човек му треба повеќе спиење во текот на зимата. Во остатокот од годината, на пролет, лето и есен се потребни 7-9 часа сон за да бидеме одморени и да имаме доволно енергија.

Зимата ситуацијата се менува, и потребно е еден час повеќе за да функционираме.