Грозоморно убиство во Прилеп: Со нож усмртил девојка со која бил во љубовна врска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„На 28.12.2018 од слобода е лишен Х.К. (36) од Прилеп затоа што  во периодот од 21.30 до 22 часот во куќа на ул.„Круме Волнарски“ во Прилеп, по претходна вербална расправија, со неколку убоди со нож во пределот на градниот кош ја усмртил Е. Г. (33) од Прилеп. Х.К. и Е.Г. биле во љубовна врска, а делото е извршено во куќата на Х.К., каде Е.Г. дошла заедно со нејзиниот син. Од страна на полициски службеници на ПС Прилеп, Х.К. е лишен од слобода и задржан за натамошна постапка. По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Г. е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, се вели во извештајот на МВР.

Јавното обвинителство извршило увид во куќата на убиецот и истрагата покажала дека овој немил настан се случил во присуство на 10-годишно дете, син на убиената Е.Г. Подоцна било утврдено дека убиецот бил во алкохолизирана состојба.

„Во центарот на Прилеп, во населбата Тризла, синоќа доцна по расправија од живот била лишена 33-годишна прилепчанка. Сторител е нејзиниот партнер со кого живеела во вонбрачна заедница. Осомничениот на возраст од 36 години со неколку убоди од нож во пределот на градниот кош ја усмртил сега починатата. Настанот се случил во присуство на десет годишното дете на жртвата.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Припеп изврши увид на лице место заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи. Обезбедени се и подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде наредба за вршење на обдукција на телото на починатата. Според првичната информација од контролата со апарат за мерење на количината на алкохол – дрегер, осомничениот во себе имал повеќе од 2 промили алкохол. Точниот податок ќе се знае откако ќе заврши анализата на крв и урина од осомничениот која е побарана од обвинителството. Осомничениот не го напуштил местото на настанот и е веднаш лишен од слобода.“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.