МВР: 121 лице не ја почитувало забраната за движење, приведени 92 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на изминатиот ден (19.04.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 238 лица им се издадени решенија за изолација, а 108 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 121 лице не ја почитувало забраната за движење, при што приведени се 92 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.