ОЈО Куманово побара казни од илјада евра за девет Кумановци и жител на Крива Паланка поради непочитување на полицискиот час

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Основното јавно обвинителство Куманово побара парични казни во висина до 1.000 евра во денарска потиввредност за девет жители на Куманово и за еден жител на Крива Паланка, кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинетите, како што се посочува, не ги почитувале донесените мерки и одлуки за забрана на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, па без дозвола се движеле низ Куманово и Крива Паланка.