По вчерашната средба со градоначалникот Димитриевски, Османи го откажа учеството на Советот за безбедност, и се изолираше

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После вчерашната посета на Куманово, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска го откажа учевството на состанокот на Советот за безбедност, и истакна дека ќе се повлече во изолација до вторник, кога ќе направи тестирање на Ковид-19.

„По позитивната потврда за СОVID-19 на Градоначалникот на Куманово а поради тоа што вчера имавме состанок во општинскиот штаб во Куманово, и покрај тоа што цело време бев со лична заштита маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денес да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај Претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите. Посакувам на градоначалникот на Куманово брзо закрепнување како и на сите погодени граѓани и што е можно поскоро да излеземе од оваа состојба заедно.
Бидете здрави!“, напиша Османи на својот профил на „Фејсбук“.