Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска на прес-конференција рече дека нема простор од грижи на граѓаните за храна и лекови, бидејќи има доволно.
„Стокови резерви имаме доволно. Сега да почнеме да ги користиме стоковите резерви, ние за 7-8 месеци сме обезбедени. Немаме потреба за активирање на механизмите за стокови резерви, бидејќи транспортот на стоки е нормален, и ние можеме со сите држави во регионот да раговараме за увоз на сите стоки. Во тој дел не треба да се грижат граѓаните, и повторно ќе кажам дека нема потреба да се создаваат залихи дома, да се купуваат непотребно голем број на намирници, и со тоа да правиме гужви по маркетите и да создаваме поголема опасност од ширење на вирусот.
Дали се работи за лекарства, храна, секој прозвод кој ни е потребен може да се обезбеди непречено. Имаме и нафта и нафтени деривати. Граѓаните може да бидат растоварени од ова, и да се посветат на изолација. Пред се групите кои може да бидат најмногу нападнати од вирусот. “, рече Спасовски.
