10 бебиња загинаа во пожар во Индија – 16 се борат за живот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

10 бебиња загинаа, а 16 се борат за живот откако пожар го зафати неонатолошкиот оддел на болницата во државата Утар Прадеш, објави индиската новинска агенција PTI, повикувајќи се на локалните власти.

Веројатна причина за пожарот е краток спој.

Пожарот брзо се проширил во одделението, во кое имало 55 бебиња, пренесе АП.

Властите ветија поддршка од владата за семејствата на жртвите и ветија темелна истрага.

„Ќе ги идентификуваме одговорните за оваа трагедија и ќе преземеме строги мерки. Владата ги поддржува семејствата во овој тежок момент“, рече заменик-главниот министер на државата Брајеш Патак.

Кога пристигнале пожарникарите, единицата била зафатена од пламен и чад. Спасувачите морале да ги кршат прозорците за да стигнат до новородените бебиња. Очевидци изјавија дека спасувачката операција започнала околу 30 минути по избувнувањето на пожарот, што ги одложило напорите за евакуација.