10 години од постоење на Систина Офталмологија – д-р Арнаудовски објаснува како се развивала низ сите овие години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Систина Офталмологија“ годинава прослави јубилеј – 10 години постоење. Доктор Златко Арнаудовски објасни како се развивала очната болница низ оваа деценија. Докторот попладнево гостуваше во „Урбан Таг“ на ТВ21, и напомена дека болницата почнала со 9 вработени, а сега во неа работат 62.

„Работиме 10 години, почнавме како една помала болница, од 9 вработени, за 10 години сме 62-ца вработени. Имаме осум лекари специјалисти, имаме осум млади доктори кои се на специјализација. Навистина едно убаво растење“, рече Арнаудовски и додаде:

„Работата се развиваше убаво. Бевме единствената болница која се обиде да ги покрие сите потреби на пациентите, од дијагностички до хируршки процеси, и успеавме во тоа“, рече Арнаудовски на гостувањето во „Урбан Таг“ на ТВ21.

Целата изјава во врска со еднодеценискиот јубилеј, низ следното видео: