10 години од шокантната трагедија на авионот „Џерманвингс“ – копилотот кој боледувал од депресија намерно го урнал авионот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Летот на авиокомпанијата „Џерманвингс“ 4У 9525 леташе од Барселона до Дизелдорф на 24. март 2015 година. Ербас А320-211 на наведениот лет се урна во француските Алпи, на 100 километри северно од Ница. Во моментот на несреќата на авионот се наоѓаа 150 патници, и никој не преживеа.

Во несреќата животите ги загубија 144 патници и 6 членови на екипажот, од кои многумина од Германија и Шпанија.

Несреќата потоа покажа шокантни информации. Податоците од црната курија открија дека пилотот заминал на пауза, односно во тоалет, а копилотот Андреас Лубиц се заклучил во пилотската кабина, која е непробијна и отпорна. Капетанот примети дека вратите се заклучени, а авионот почнал да губи на висина. Црната кутија покажа дека капетанот со секира се обидувал да влезе во пилотската кабина, но безуспешно. Во 10:41 авионот се урна во планините.

Потоа истрагата откри дека копилотот Лубиц боледувал од депресија, но наводно целосно се излечил, а потоа работел како сјујард се додека да добие дозвола за комерцијален пилот.

Според француските и германските обвинители, несреќата намерно ја предизвикал копилотот Андреас Лубиц. Лубиц најпрво на почетокот на летот бил многу љубезен кон капетанот. За време на спуштањето кон планините, копилотот кој бил сам, не одговарал на прашањата на контролата на летање во Марсеј, ниту пак пренел повик за помош. На снимката се слушале вресоци од патниците во последните моменти пред ударот.

Лубиц намерно го поставил автопилотот да се спушти на 30 метри, и неколку пати ја зголемил брзината на авионот кој одел кон земјата.

Истражителите не пронајдоа никаква порака за самоубиство, а потоа пронашле извештај со кој Лубиц бил прогласен за неспособен за работа. Следниот ден по несреќата, истражителите го претресоа домот на Лубиц и најдоа докази дека боледува од психоматска болес, и му биле препишани антидепресиви, есциталопрам и миртазапин и лек за спиење.

Истрагата исто така откри дека Лубиц имал тенденции на самоубиство пре неговата обука како комерцијален пилот. Лубиц не можел да спие, затоа што верувал дека има проблеми со видот, и се плашел дека ќе ослепе. Мотивиран од тоа дека ќе ја загуби пилотската дозвола, се одлучил да го урне летот 9525.

Објавен е и документарец околу целиот настан.

ВНИМАНИЕ! ВИДЕОТО ИМА ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ЕЛЕМЕНТИ