10 лица ја изгубија битката со ковид-19 – најмладиот 32 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на КОВИД-19.

Регистрирани сe 240 оздравени пациенти, додека пак во изминатите 24 часа починале 10 лица:

  • 3 починати лица од Куманово (32г, 72г и 77г)
  • 2 починати лица од Охрид (59г и 64г)
  • 2 починати лица од Свети Николе (66г и 68г)
  • Едно починато лице од Крива Паланка (88г)
  • Едно починато лице од Берово (74г)
  • Едно починато лице од Скопје (69г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 13.09.2021 до 17.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Гостивар и по едно лице од Куманово, и Ресен на возраст од 46 до 68 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Вкупно дијагностицирани досега во земјава: 194.891

Вкупно оздравени: 181.031

Вкупно починати: 6.831

Активни случаи: 7.029