10 пациенти ќе бидат пуштени дома – Таравари: Лекувањето во странство е бесплатно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во болниците во земјава и во странство во моментов се лекуваат вкупно 162 пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Вчера беа пуштени тројца, а денеска уште десет од повредените кои се лекуваа во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување. Од сите пациенти, освен еден во Турција кој е во многу сериозна состојба, другите се во сериозна, но стабилна состојба – информираше Министерот за здравство Арбен Таравари.

„Бројката на пациенти кои што се лекуваат моментално се 162. Добра вест што сакам да ја споделам дека денеска 10 од пациентите кои што лежат во државата ќе бидат испишани. Нели вчера имаше 3 пациенти што ги испишавме. Од сите пациенти, освен еден во Турција кој што е во многу сериозна состојба другите се во сериозна меѓутоа стабилна состојба“, рече Арбен Таравари.

Веќе нема да се праќаат пациенти надвор од државата, а сите што се лекуваат тука се стабилни- информираше Таравари.

Во моментов 115 пациенти се на лекување надвор  од државата во 14 земји во странство. Во Србија се лекуваат 30 пациенти, во Бугарија 15, Во Грција 12. Во болниците во Турција има 12 пациенти, во Шпанија 7, во Австрија 6, во Унгарија 6 , во Хрватска 5 пациенти. Во Словенија, Литванија, Белгија, Италија, Шведска се лекуваат по 4 пациенти од Македонија, а во Полска двајца.

Кризниот штаб  ќе подготви протоколи за враќање на пациентитете од странство кои се во добра здравствена состојба. Следното со кое ќе се соочуваме се инфекциите, затоа ќе бидеме внимателни, истакна Таравари. 

Лекувањето на пациентите во странство 99% е бесплатно, нема потреба никој да собира пари- сместување и пат плати Владата,  потенцираше министерот.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски во интервју за ТВ21 порача дека доделени се 30 милиони денари на СОЗР и  Владата ќе ги покрие сите трошоци на повредените лица кои се лекуваат надвор од Македонија

„Обезбедено е за сега за 142 лица сместување и авионски карти. Потрошени се почетно околу 3,5 милиони денари. Но викам почетно, затоа што не знаеме колку време ќе треба за лекување, до кога ќе се лечат. Но треба да знаат дека целосно и максимално се што ќе излезе како трошок ќе би покриено од Владата на Република Македонија“, вели Ивица Томовски.

Томовски потенцираше дека телефонскит број 070 270 370 е достапен 24 часа за помош на семејствата  чии деца се лекуваат во странство.

Црвениот крст соопшти дека досега се собрани над 43 милиони денари или над 700.000 евра за помош на настраданите од пожарот во Кочани.