Туск: Два полски гранични премина се евакуирани за време на руските напади врз Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека два полски гранични премина со Украина биле евакуирани поради руските напади на украинска територија во близина на границата.

„Ова е вистинска трагедија на нашето време, бидејќи ова не се случува првпат. Украина повторно е нападната во близина на границата со Полска и повторно моравме да ги евакуираме граничните премини во Хрубјешов и Дорогуск“, изјави Туск пред новинарите на прес-конференција во Варшава.

Според него, Полска треба одлучно да дејствува и да соработува со Украина, бидејќи претстојната есен ќе биде „критична“.