100 дена Влада – Азири: 100 дена измами, лаги и потчинување

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Елми Азири од Алијанса за Албанците, крило на Зијадин Села денеска е гостин во емисијата „Дејли клик“ каде разговаравме за 100-те дена на Владата.

Според него, ова се 100 дена лаги и измами.

Азири рече дека ниту едно предизборно ветување на коалицијата ВЛЕН не е вклучено во владината програма.

„Ако ги анализираме 100-те дена на Владата, многу лесно и со право можеме да заклучиме дека има 100 дена измама, има 100 дена лаги, има 100 дена покорување, 100 дена понижување“, изјави Азири.