112 години од Битолскиот конгрес – Џафери: Да се ангажираме за соодветна употреба на албанскиот јазик

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Утре се обележува Денот на Албанската азбука, а денеска Институтот за духовно и културно наследство на Албанците ( ИДКНА) организираше научен конгрес насловен „Денот на азбуката“. Директорот на институтот, Скендер Асани рече дека се чувствува почестен за организирањето на настанот и зборуваше за важноста на овој историски датум за Албанците.

„Овој конгрес е другата страна на Призренска Лига и напорите на нашите преродбеници за осветлување на народот. Албанија ја има Валона за независноста, Косово ја има Призренската лига, а Албанците од Македонија го имаат Битолскиот конгрес.“, рече Асани.

На настанот присуствуваше и претседателот на парламентот Талат Џафери, кој го честиташе празникот и ја истакна потребата сите институции да посветат повеќе внимание и да бидат посвесни за правилна употреба на стандардниот албански јазик.

„Треба да бидеме внимателни, секој во својот дел. Тука, пред сè, мислам на мене и на претставниците на политичкиот опсег кои сме во моментов или ќе станеме дел од законодавната власт и можеме да ја смениме, дополниме, подобриме и правната поддршка за зачувување на стандардниот јазик.“, вели Џафери.

Илбер Села, директор на Агенцијата за спроведување на законот за употреба на јазиците, рече дека има среќа да раководи со агенција која секој ден сè повеќе придонесува за официјална примена на овој јазик.

„Конгресот на азбуката е сам по себе има посебна симболика, бидејќи од денот кога преовладуваше духот на албанското единство, стана водич за многу други битки, подоцна служејќи како позитивен пример за тоа колку одлични работи можат да се направат преку разбирање и обединување.“, изјави Села.

На настанот присуствуваа и заменик министерот за образование и наука, Арафат Шабани и директорот на Централниот архив на Албанија, Ардит Бидо, а утре активностите на културно -научната манифестација „Денови на азбуката“ ќе го достигнат врвот со потсетување на Првата дама на азбуката – Парашќеви Киријази. По тој повод ќе биде промовирана книгата со документи „Дневник на Парашќеви Киријази“, како и документарниот филм за на УНЕСКО.