Битола, градот каде беше составена азбуката на албански јазик ги пречека делегациите од сите албански градови.
Во домот музеј каде пред 115 години се свика Конгресот, имаше многу посетители од Македонија, но и од Албанија и Косово.
Во влезот сретнавме двајца посетители од Албанија, со народна носија од Југот и Северот на Албанија, кои ни рекоа дека се дојдени да испратат порака, а нивната облека ја покажува историјата и важноста на овој дом.
„Дојдени сме денеска за да го славиме денот на азбуката во местото каде што азбуката беше создадена, за да им одадеме почит на хероите кои ќе останат засекогаш, добрите Албанци на вилаетот на Битола. Ова е носија од југот на Албанија, Малакастро, Лаберија и Премет“.
„Јас сум од Скадар и сме дојдени тука за да се потсетиме на овој ден, за да се потсетиме на нашите предци кои ги создадоа буквите на албански јазик и ние уште пишуваме на албански исто како пред 115 години“.
Беа дојдени и стружани но и ветерани на образованието од Куманово, кои ни рекоа дека домот е добар, но треба да и се посвети поголемо институционално внимание.
„Вториот и третиот кат се добро уредени, но во првиот кат нема ништо. Очекуваме музејот да биде понационален, треба да ги опфати сите елементи и да се овозможат почести посети“.
Го уредиле но има нешта кои треба да се одржуваат и да и се даде поголемо внимание и интерес, за да се негува оваа историја на албанскиот народ, бидејќи има лица кои сакаат да ја избришат, но не треба да исчезне и треба сите да се обидеме да ја зачуваме и негуваме оваа куќа.
Надворешниот дел не е добро одржан, долниот дел слушнавме дека е даден за нешто друго. Како дом кој има исклучително значење, треба да се грижи целиот албански народ, а не само од Македонија.
Директорот на Домот на Азбуката, Заит Алиу, вели дека постојано се работи во овој музеј, просториите долу во музејот не се нивни, но добра вест е тоа дека тие веќе ги користат тие простории.
„Моментално ги користиме, министерството обезбеди 1.500 евра, плативме 1.500 евра, но тие се како наши, имаме и новина, отворивме галерија долу и бидејќи претходно на првиот кат овде се одржуваа активностите за 22 ноември и посетителите немаа добар пристап за посета на музејот, а оваа година, за 115-годишнината се отвори нова галерија каде за сите активности од 14-ти до 22-ри посетителите ги пречекавме на просторите на музејот на азбуката на албанскиот јазик“, вели Заит Алиу.
Битолскиот конгрес се одржал од 14 до 22 ноември во 1908 година. Учествуваа 50 делегати од 26 градови, клубови и здруженија. На овој конгрес беше усвоена одлуката да се прифати латинската азбука со неколку промени на буквите кои биле адаптирани на албански јазик.
