12.500 работни места се изгубени заклучно август поради ковид

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи за ТВ21 истакна дека заклучно со месец август, 12.500 лица останале без својата работа како последница од кризата со коронавирусот.

„Последните информации од пред три дена се дека со затворање на месец август поради пандемијата Ковид во Македонија, загубени се 12.500 работни места“, посочи Битиќи.

Тој потенцираше и дека со мерката за минимална плата од 14.500 денари биле спасени околу 140 илјади работни места во приватниот сектор.