Ова е Есмер Нухиу, 13 годишно момче од скопски Чаир кој своеволно презел иницијатива да им ги објасни задачите по математика на своите врсници. Есмер учи во Основното училиште “Адем Јашари”. Тој одлучил да отвори Јутуб канал и преку видео објави детално објаснува како се решаваат математичките проблеми.
„Се обидов да објаснам неколку задачи по математика, кои не се толку лесни. Во овој случај ја имам улогата на наставниците и се надевам во иднина ќе станам наставник по математика“, вели Есмер Нухиу.
Тој и пред нас реши една математичка задача.
„Минус 2, минус 8. Минус 1, минус 3. Нула, минус 4. Бидејќи нулата е во средина и нема каде да оди, точката ја ставаме таму 1 и 3, секогаш кога се бара првиот број да го остави X, а вториот број во оската Y“, порача Есмер Нухиу.
Покрај математиката, Есмер има добри познавања и од информатиката. Користи програми кои му ги олеснуваат тешките пресметки.
„…..За да објасниме оваа, одиме „билд анд ран“. Ве молиме внесете го првиот број. Можеме да пишеме на пример 34, другиот 78. Значи резултатот е прикажан подолу. Значи 34 + 78 = 112. 34 – 78 ќе стане негативен број и ќе биде -44. 34 помножено со 78 ќе биде 2652, а 34 поделено со 78 е 0,435897“, истакна Есмер Нухиу.
13-годишното момче има и дипломи за Windows, Photoshop, HTML и Java Script.
„Во оваа насока поседувам и неколку СЕМОС државни дипломи за компјутер и интернет. Првиот е за Windows 10 и Office, вториот е за Adobe Photoshop третиот е за HTML и другиот е за JavaScript“, вели Есмер Нухиу.
Покрај овие, спортот за кој има страст е каратето. Во овој борбен спорт има два кафени појаси.
Се уште не одлучил која професија ќе ја следи по завршувањето на образованието.
