Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 918 тестирања, а регистрирани се 104 нови случаи на ковид-19.
Починати се 13 лица:
- Четири пациенти од Скопје (78, 66, 71 и 68г)
- Четири пациенти од Прилеп (80, 57, 80 и 50г)
- Еден пациент од Велес (74г)
- Еден пациент од Охрид (67г)
- Еден пациент од Кавадарци (62г)
- Еден пациент од Пробиштип (72г)
- Еден пациент од Неготино (78г).
Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86597, бројката на оздравени пациенти е 67992, на починати е 2635, а бројот на активни случаи изнесува 15970.
