По повод трагичниот настан што се случи денеска, кога се урна дел од зградата на железничката станица во Нови Сад, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека во досегашната истрага 14 тела на починатите се извлечени од урнатини.
Како што велат, две се посочени како женски – А.Р. (21) и А.Ќ.С. (35) и пет машки лица – Х.С. (27), М.М. (21), Ш.Ѓ. (77), Р.В. (69) и С.В. (45).
Како што наведуваат, поради здобиените повреди во овој настан, во Клиничкиот центар Војводина се примени три лица чиј идентитет се уште не е утврден, а се работи за две женски и едно машко.
Вишото јавно обвинителство Нови Сад ги презема сите мерки и дејствија согласно Законот, со цел да се утврди постоење на елементи на кривично дело и одговорност за стореното, за што јавноста навремено ќе биде информирана начин, изјавија тие.
