Кочани повторно е во знакот на забава, возбуда и адреналин. Започна традиционалниот Кочански панаѓур, кој и оваа година нуди разновидни забавни содржини и атракции за посетителите од сите возрасти.
Во центарот на вниманието е забавниот „Вондер парк“, кој со својата богата понуда привлекува и деца и возрасни, создавајќи атмосфера исполнета со смеа, музика и незаборавни доживувања.
Љубителите на адреналинот можат да уживаат во бројни атракции, меѓу кои рингишпил, сударни колички, атрактивниот октопод и авантуристичката камиказа, кои ветуваат возбуда за најхрабрите посетители.
Не се заборавени ниту најмладите, за кои се подготвени посебни забавни содржини, вклучувајќи детски атракции и популарниот забавен брод, приспособени на нивната возраст.
Со шарените светла, музиката и разновидните реквизити, панаѓурот повторно го оживува празничниот дух на градот и претставува место за дружење и семејна забава.
Традиционалниот Кочански панаѓур и годинава е можност за посетителите да уживаат во заеднички моменти, адреналински доживувања и атмосфера што привлекува генерации посетители.
