Игрите на среќа им ги испразнуваат џебовите на граѓаните, вели социологот Али Пајазити. Додава дека има и граѓани кои по казина и обложувалници ги оставаат пензиите и социјалната помош, со надеж дека ќе добијат повеќе. Додава дека и рекламирањето влијае негативно.
„Имаме потреба од граѓански активизам за да се спречи овој канцер без да премине во фаза кога лекувањето е невозможно. Здравствените институции се занимаваат со провокации кон образовните институции а не кон фабриките за деградација и антивредности“, вели Али Пајазити.
Џемал Абдиу од Движењето против коцкање, смета дека предлог законот на владата за дистанца од 500 метри од училишните објекти, не ги исполнува барањата на оваа Движење. Додаваат дека објектите на игри на среќа треба целосно да се затвараат.
„Откако се случи убиството на две млади лица во Визбегово, ние го сменивме мислењето и од тогаш бараме да се затвораат под секој услов, до донесувањето на добар закон кој ќе ја штити благосостојбата на граѓаните“, вели Џемал Абдиу.
Пратеникот на АА, Халил Снопче рече дека додека се борел за барањата на Движење против коцкање, единствениот кој јавно дал поддршка е Изет Меџити.
„Беше интересно, единствениот кој и јавно даде поддршка за предлогот на АА беше г. Изет Меџити, само тој излезе и јавно кажа дека го поддржува предлогот на АА и ние стоиме зад АА. Немавме ниту една јавна изјава од ниту еден физички и правна личност, од ниту една правно здружение за поддршка“, вели Халил Снопче.
Висар Ганиу, градоначалник на Чаир, истакна дека во Виена има само едно казино, а само во Чаир се отворени 5 казина.
„Ова е тотално маскирање, како што е маскирање како што спомнавме во текот на локалните и парламентарните избори кога излегоа многу од министрите, се залагаа дека тотално ќе ги затвараат казната, но се случува спротивното, сега од 1 казино имаме 3“, вели Висар Ганиу.
На оваа тема се дебатираше и на панел дискусијата организирана од Институтот ИДЕА. Податоците од оваа институција покажуваат дека во Северна Македонија постојат околу 1.416 објекти на игри на среќа, или просечно 18 во секоја општина, без тие онлајн.
Инаку новиот закон кој предвидува казината да бидат оддалечени 500 метра од училиштата се уште не помина во Законодавна правна комисија.
