Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нов случај на КОВИД-19.
Регистрирани сe 165 оздравени пациенти, додека пак во текот на изминатите 24 часа починале 15 лица:
- 5 починати лица од Скопје (56г, 69г, 72г, 75г и 91г)
- 2 починати лица од Кавадарци (64г и 84г)
- 2 починати лица од Кичево (54г и 87г)
- Едно починато лице од Велес (72г)
- Едно починато лице од Берово (56г)
- Едно починато лице од Гевгелија (64г)
- Едно починато лице од Кочани (76г)
- Едно починато лице од Крива Паланка (61г)
- Едно починато лице од Струмица (81г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица содијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 09.09.2021 до 11.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Дебари едно лице од Гостивар на возраст од 56 до 82 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.002 бројката на оздравени пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а бројот на активни случаи изнесува 6.957.
