Тетовскиот суд го осуди на една година и три месеци затвор анестезиологот Ваљтон Дервиши, кој на својата мрежа ТикТок објави видео од хируршката сала на гинеколошкото одделение во Тетово. Дервиши ја призна вината и јавно им се извини на своите колеги и пациенти за стореното дело. Тој изјави дека не постапил со намера да го објави видеото или материјално да профитира од тоа.
„Ги прифаќам кривичните дела и се каам за стореното. Се извинувам затоа што тоа не го направив со намера и за каква било корист. Притворот ми е тежок поради мојата здравствена состојба“, вели Ваљтон Дервиши.
Со оглед на олеснителните околности, осудениот Ваљтон Дервиши за сторено кривично дело „несовесно работење за време на службата“ е осуден на една година затвор, додека за кривичното дело „неовластено снимање“ е осуден на затворска казна во траење од 5 месеци вклучувајќи го и периодот на притвор.
Просечната казна изречена од судијата беше 13 месеци затвор. Исто така, земајќи ја предвид тешката психолошка состојба и лошата здравствена состојба, судијата исто така одлучи да го ослободи Дервиши од притвор и да го замени со домашен притвор, до правосилност на денешната судска одлука.
Инаку, анестезиологот Ваљтон Дервиши на 14 април додека беше на смена за интервентното одделение во гинеколошкиот оддел во Тетово емитуваше „во живо“ на Тик Ток покажувајќи ги пациентите но и медицинскиот персонал. Оваа објава алармираше раководителот на Клиничката болница во Тетово, Пелумб Вела, случајот да го пријави во полиција, а неколку часа подоцна, Секторот за внатрешни работи Тетово го привела анестезиологот. Ден подоцна министерот за здравство и директорот на болницата го разрешија Дервиши, а Лекарската комора му ја одзеде лиценцата на 7 години.
