ВИДЕО: Пукање во центарот на Краков – двајца загинати, најмалку десет повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Драматични сцени се случија во центарот на полскиот град Краков, каде што вооружен напаѓач отворил оган врз случајни минувачи од автомобил во близина на главниот градски плоштад. Според првичните информации објавени од полските медиуми, во нападот загинале две лица, а најмалку десет се повредени.

Пукањето се случило на 7 ноември, околу 15 часот, во реонот на улицата „Славковска“ и главниот плоштад во Краков. Според информациите, напаѓачот се движел со автомобил и од возилото пукал кон пешаците.

На местото веднаш пристигнале полициски и медицински екипи, а на плоштадот слетал и медицински хеликоптер за итен транспорт на повредените.

Полициските службеници го пресретнале напаѓачот и пукале кон него за време на интервенцијата. Тој бил ранет и пренесен во болница. Полицијата продолжува со истрагата за утврдување на мотивот и сите околности на вооружениот напад.

За инцидентот се огласи и полскиот премиер Доналд Туск, кој соопшти дека редовно добива информации од министерот за внатрешни работи за случувањата во Краков. Тој посочи дека полицијата ги истражува причините и сите околности поврзани со нападот.