15 пациенти сместени во модуларната болница – Стевановиќ: Немојте да ги „букирате“ здравствените установи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Брза помош од Кавадарци пристигна во модуларната болница поставена пред Инфективната клиника во Скопје.

Од вчера се полни и овој монтажен објект наменет за пациенти заразени до Ковид 19. Има 15 пациенти кои се од различни градови од Македонија.

„Модуларната болница има капацитет од 70 легла. Во моментот 15 се искористени“, рече Стевановиќ.

На инфективната клиника хоспитализирни се 99 пациенти од кои 67 се на кислородна поддршка.  Стевановиќ порача до граѓаните да ги почитуваат мерките затоа што капацитетите на болниците се полнат. Таа додаде дека граѓаните кои немаат симптоми да не паничат.

„Сите оние кои немаат кои немаат тегоби или симптоми препораката е да бидат дома, изолирани и со витамински терапии. Онака како што им препорачуваат матичните лекари. Со овие известувања од вас кај граѓаните расте драматично стравот. Немојте да ги пребукирате здравствените интитуции, сите тие кои немаат симптоми или имаат лесни симптоми да седат дома“, вели Стевановиќ.

Пратеникот Арбер Зибери за ТВ21 раскажува како тешко го поминал вирусот. Тој порачува до граѓаните да се заштитат себеси и луѓето околу себе.

„Јас го прележав вирусот со тешки симптоми. Неколку дена бев во болница. Треба да внимаваме и да ги почитуваме препораките кои се на сила. Особено во овој период кога има сезонски грип. Да не се собираме во затворени простории без маски и да не изглегуваме за шетање без потреба“, рече Зибери.

Венко Филипче вчера во изјава за медиумите напомена дека откако ќе се потполнат капацитетите, ќе биде прогласен полициски час во земјата. Последните денови во Македонија има драстичен скок на заразени со Ковид-19, и повеќе хоспитализирани низ болниците. Во повеќето други градови, пак, веќе нема место за нови заболени од Ковид-19.