Три големи аеродроми во Велика Британија биле цел на сајбернапад, при што биле изложени податоците на околу 8,7 милиони клиенти.
Станува збор за аеродромите Манчестер, Лондон Станстед и Ист Мидлендс, со кои управува „Manchester Airport Group“ – најголемата аеродромска групација во Обединетото Кралство.
Од групацијата соопштија дека инцидентот бил предизвикан од неовластена трета страна.
Нападот ги погодил податоците на клиентите поврзани со резервации за паркинг, користење на ВИП-салите, услугата „Fast Track“ и регистрациите за Wi-Fi.
Меѓу украдените податоци се адреси на е-пошта, телефонски броеви, регистарски таблички на возила и поштенски кодови.
Сепак, според „Manchester Airport Group“, банкарските податоци и информациите за плаќањата не биле компромитирани.
Сајбернападот не предизвикал прекини во работењето на аеродромите. Надлежните институции биле известени и соработуваат со групацијата во истрагата за инцидентот.
