Реакции и незадоволство за поделбата на буџетот за проектите од култура од национален интерес за 2021. Азем Даути, од издавачката куќа Шкупи, аплицирал за поддршка за издавање на 10 книги од кои 8 му се одбиени иако изборот го правеле внимателно, а и документацијата исто така била целосна.
„Не е прашањето во квантитетот. Работата е во тоа што ние за прв пат сакавме со овие 10 избрани наслови Министерството за култура да нема шанси да не ги поддржи бидејќи за вакви проекти претходната влада но и сегашната одвоиле и по 50 илјади евра по книга во тие наместени тендери кои ги имаа.“, вели Даути.
Ова издавачка куќа исто така е одбиена и за учество на 4 регионални и меѓународни саеми. Изненаден од одбивањето бил и Меваип Абдиу директор на детскиот фестивал Блетезат (Пчелички). Поддршката што ја добивал од министерството вели дека била симболична од 100 до 150 илјади денари, но оваа година го оставиле без денар.
„Ова години не е поддржано од Министерство за култура иако нема некоја официјална одлука, со изговорот дека годинава има помалку средства поради пандемијата. Имам информации дека само 16% од средствата се одвоени за албански проекти.“, рече Абдиу.
И ТВ21 од свои извори дознава дека само 16% од буџетот отишле за албански проекти. Значи само 84 300 000 денари, од вкупно 508 милиони денари колку што е буџетот.
Заменик министерот за култура, Седат Сулејмани, вели дека програмата што вчера ја објавила министерката Ирена Стефоска е дискриминирачки за албанската култура.
„Одлуката на министерката е дискриминирачки и нелогична. Јас неколку пати се обидов да бидам дел од процесот за годишната програма, но министерката го злоупотреби тоа што и го овозможува законот и таа одлучи за се.“, рече Сулејмани.
Заменик министерот Сулејмани исто така за ТВ21 рече дека министерката сама одлучила и за комисиите коишто го направиле оценувањето, дури и за албанските членови, а Стефоска не негира. Вели дека министерот има законско право сам да ги избира комисиите и работните групи.
Стефоска вели дека заменик министерот и државниот секретар со закон имаат други надлежности, инаку би имале паралелни надлежности. Што се однесува до програмата министерката вели дека програмата е онлајн и го чека судот од јавноста.
Уметниците чекаат реакција од албанските претставници во министерството. Има барања резултатите од конкурсот да се повлечат но како ќе се постапи, заменик министерот рече дека се уште немаат донесено одлука.
