17-годишно лице со мопед удрило во паркирано возило во Битола – две лица повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 03.08.2020 година во 22.20 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола мопед марка „ап-6“, управуван од 17-годишник, удрил во паркирано моторно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки.

Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а 17-годишниот сопатник на мопедот со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. 

Од страна на увидна екипа бил извршен увид на местото на незгодата.