170 лица починаа за една недела – дали јануари е светлото на крајот од тунелот?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Билансот на починати од Ковид-19 и понатаму е троцифрен.  Од понеделникот без да се земат предвид денешните бројки, имаме зголемен број и на оздравени.

Во земјата во текот на последните пет дена се направени 15975 тестови, од тие позитивни резултирале 5 777. 170 лица го загубија животот како последица на Ковид-19. 4 470 лица се оздравени.

Вкупно 443 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.

Се очекува јануари да биде светло во крајот на тунелот бидејќи се очекува да стигне вакцината против ковид-19. Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска имаше средба со директорите на Здравствените центри од земјата, а разговарале за вакцинација против Ковид-19. Организирањето и спроведувањето на процесот на вакцинација против Ковид-19 има посебно значење и опфаќа неколку странки, вели министерот за здравство.

За вакцинација на граѓаните ќе се користат постоечките вакцинални пунктови во здравствените домови низ државата, болници и други здравствени капацитети, бидејќи таа инфраструктура е добро поставена и функционира. Секој здравствен дом, ќе треба да достави извештај по направен увид во човечки капацитети со кои  располага како и задолжителна проверка на техничките капацитети и нивната функционалност.

Во текот на вчерашниот ден министерот Филипче рече дека е опасно граѓаните сами да се лекуваат од корона вирусот, а најголема опасност е кога сами ги купуваат лековите на црно,  и додаде дека сите пациенти треба да се консултираат со својот матичен лекар.