Се навршуваат 18 години од смртта на еден од најдобрите македонски пејачи Тоше Проески. Момчето со ангелски глас трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Нова Градишка – Хрватска.
Проески трагично го загуби животот на 26-годишна возраст на 16 октомври 2007 година, во страшна сообраќајна несреќа што се случи на автопат во Хрватска.
Веста за неговата смрт го потресе целиот Балкан, а многумина и денес, 18 години подоцна, не можат да се помират со големата загуба.
Семејството, пријателите, фановите и бројните колеги на Тоше од година во година со емотивни зборови ја одбележуваат годишнината од неговата смрт и ја искажуваат својата тага за прекумерната загуба.
Остави големи дела и голема трага на македонската музика. Неговите песни и натаму се слушаат и се пеат низ целиот Балкан.