19-годишно момче од Штип изгубило контрола на мопедот и излетало од коловозот – констатирани тешки повреди

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 23.05.2021 околу 17,00 часот во Штип, на ул.„Суитлак“, мопед „баотиан“ со штипски регистарски ознаки управуван од Д.К.(19) од Штип изгубил контрола и излетал од коловозот.

На Д.К. во Клиничката болница-Штип му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Штип.