На ден 22.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, 3 се под контрола, а 3 се изгаснати, велат од ЦУК.
Активни пожари – 11:
Општините Студеничани и Зелениково: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, со крак кон село Палиград и над село Вражале, Општина Зелениково – мешана шума.
Општина Студеничани: село Цветово, стариот пат кон село Елово – ниска вегетација и шума.
Општина Македонски Брод: месност Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица – ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.
Општина Кичево: село Тајмиште, месност Дарда – високостеблеста букова шума.
Општина Врапчиште: село Ломница – мешана шума.
Општина Маврово и Ростуше: село Церово – ниска вегетација и нискостеблести растенија.
Општина Желино: село Церово – ниска вегетација и папрат.
Општина Прилеп: село Бонче – ниска вегетација и нискостеблести растенија.
Општина Прилеп: село Мажунчиште – ниска вегетација.
Општина Прилеп: село Коњари – ниска вегетација.
Општина Струмица: село Водоча – стрниште.
Пожари под контрола – 3:
Општина Прилеп: село Чаниште, крак кон село Крушевица, кон село Лопатица, кон село Дуње и крак кон Црна Река – ниска вегетација.
Општина Липково: село Никуштак – ниска вегетација и шума.
Општина Тетово: село Бродец – шума.
Изгаснати пожари – 3:
Општина Крушево: село Белушино, со крак кон село Јакреново – ниска вегетација и дабова шума.
Општина Куманово: месност Стари Лозја – ниска вегетација и ѓубре.
Општина Делчево: депонијата во Делчево.
