„2:2 на Максимир не беше изненадување“ – „Шверцерите“ ветуваат спектакл на реваншот против Динамо Загреб

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Утре ФК Шкупи се соочува со Динамо Загреб на реванш натпреварот од ЛШ. По нерешеното 2:2 на Максимир, надежите за елиминирање на хрватската екипа се уште се големи. Во Клик 21 екс фудбалерот Арбен Нухиу  рече дека не секогаш во фудбалот победува фаворитот.

„Сега не е дека се слаби екипите, секоја екипа веќе почна да игра фудбал, не е само Шкупи што направи екипа, туку има многу мали екипи. Минатата година беше Линколн, значи и малите екипи сега играат и да бидат дел од групите на конференс или шампион  лигата. Ова е многу позитивен резултат за Шкупи“, истакна Арбен Нухиу.

Спортскиот новинар Хајруш Мани рече дека ФК Шкупи на првиот натпревар бил потценет од медиумите, навивачите но и од играчите. Според него сега Хрватите реванш натпреварот го сфатиле посериозно.

„Динамо Загреб многу сериозно го сфати реванш натпреварот, не сака да згреши, дури ина еден портал со кој соработувам и пишувам, тие натпреварот со Шкупи го гледаат како последна шанса за тренерот Чачиќ, бидејќи ако изгубат од Шкупи и бидат елиминирани, Чачиќ ги пакува куферите и си оди од Загреб. Ќе го тргнат како тренер“, додава Хајруш Мани. 

Спортскиот директор Омер Буњаку верува во позитивен резултат и дека ФК Шкупи ќе се квалификува во групите, барем во еден од европските натпревари.

„Секоја година имаме пораст во Европа како што игравме последните 4 години, ова е 5-та година и сме на чекор до квалификација на рундата на конференс лигата, ако го победиме Динамо ние сме сигурни во конференс лигата и ќе играме и со Лудогорец, за третото квалификациско коло, а за четвртото, за шампион лигата, и ако го победиме Лудогорец  ќе обезбедиме УЕФА купот, и играме за плеј оф за  лигата на шампиони. А ако не се квалификуваме со Динамо, имаме уште една шанса во УЕФА, во 4 квалификационо коло, каде ќе играме и ако победиме, ја имаме сигурно конференс лигата. Така што, мислиме и веруваме дека ова е наша година и ќе успееме да се квалификуваме во една од трите групи што ги организира УЕФА“, порача Омер Буњаку.

Водачот на Шверцерите Јусуф Рамадани вети спектакл на трибините а вели дека ќе дојдат околу 20 илјади навивачи.

„Веруваме дека стадионот ќе биде полн, околу 20 илјади гледачи треба да има на трибините, најмалку очекуваме да бидат 20 илјади. –Дали има информација колку билети се продадени бидејќи веќе се во продажба? Колку што имам информација од клубот, веќе 5 илјади се продадени“, вели Јусуф Рамадани.

Натпреварот Шкупи-Динамо ќе се одржи во вторник на стадионот Тоше Проески со почеток во 21 часот.