20.000 државјанства чекаат зелено светло од АНБ-Даути: Агенцијата не е надлежна, ја злоупотребува должноста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

20.000 граѓани не можат да добијат државјанство додека нивните барања не ги провери Агенцијата за национална безбедност. Премиерот Димитар Ковачевски, изјави дека го разбира проблемот со блокирањето на барањата за државјанство и дека дел од нив се со истечен рок. Ветува дека ќе работи со забрзано темпо.


„Во врска со блокирањето на државјанствата, говореше и координаторката на парламентарната група на Алијанса за Албанците, Илире Даути. Вели дека според законските измени кои ги предложила нивната партија, АНБ нема надлежност да ги проверува барањата за државјанство. Даути ја обвини албанската партија на власт дека го одолговлекува спроведувањето на новиот закон, а обвинувања упати и на адреса на заменикот-министер за внатрешни работи“, рече Ковачевски.


-Од моментот на носењето на законот, вклучувајќи ја и преодната одредба како дел од законските измени кои беа направени пред 6 месеци, каде за среќа стигнавме и до усвојување на истата, од тој момент ќе треба сериозно да се гледа кон оние кои ќе се осмелат да не го спроведуваат законот така како што е донесен. На некој начин ја злоупотребуваат службената должност што ја имаат во институцијата, рече Даути.


Преодната одредба која што беше донесена со последните измени пред 6 месеци, не ѝ дава надлежност на Агенцијата за национална безбедност да постапува по барањата на лицата кои согласно преодната одредба бараат да се стекнат со државјанство, вели пратеничката Даути.


На прашањето – колку влијаела измената на Законот за државјанство за граѓаните да дојдат до овој документ, одговори дека нема точни податоци за тоа. Не е толку важен бројот, туку фактот што граѓаните не го уживаат правото на државјанство, заклучува Даути.