Новата сезона во Лигата на шампионите започнува оваа недела, а пред сите натпревари од првото коло ќе се одржи минута молчење во спомен на жртвите од катастрофалните поплави во Непал.
Катастрофални поплави го погодија пограничниот регион меѓу Непал и Тибет на 26 август. Според бројките, речиси 1.400 луѓе загинаа, додека повеќе од 5.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати, речиси две недели по катастрофата.
УЕФА одлучи да го искористи почетокот на новата сезона на своето најелитно клупско натпреварување за да изрази сочувство и поддршка до народот на Непал.
„Целото европско фудбалско семејство ќе застане заедно пред натпреварите оваа недела за да изрази најдлабоко сочувство и поддршка до народот на Непал. Им посакуваме сила и отпорност додека продолжуваат да се опоравуваат од оваа трагедија и нејзините последици“, рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Минут молчење ќе се одржи пред сите 18 натпревари од првото коло на Лигата на шампионите, кои се закажани од вторник до четврток.
На стадионите ќе биде истакнат и транспарент со пораката: „Непал, не си сам“.
