20 бизарни закони за кои веројатно не би ни помислиле дека постојат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Законите се општо прифатени правила што нè штитат и управуваат со општеството за да знаеме што да очекуваме од другите луѓе околу нас.

Тие не се исти во сите земји во светот и понекогаш се прилагодуваат на локалната култура, а понекогаш се толку бизарни што мора да се запрашате што ги натера законодавците да одлучат вистински да ги напишат, одобрат и објават.

Тимот од американски портал состави листа на некои вакви закони, а вие процените ја нивната логика, неопходност и ставови.

1. На некои историски важни локации во Грција е забрането носење чевли со високи потпетици.

2. На италијанскиот остров Капри, мора да го исчистите изметот на вашето куче на јавни места, во спротивно вашето домашно милениче може да се најде со ДНК анализа на примерок од неговиот измет.

3. Во американската сојузна држава Аризона противзаконско е магаре да спие во када за туширање.

4. Во италијанскиот град Торино треба да го шетате вашето куче три пати на ден.

5. Борбата со мечка е забранета во Јужна Африка.

6. Во Австралија е нелегално да се мешаат свадби, погреби и какви било верски настани.

7. Не можете да влезете во британскиот парламент во оклоп.

8. Во Ла Паз, Боливија, на мажените жени им е дозволено да пијат само една чаша вино во ресторан или бар.

9. Забрането е да се градат статуи од песок и замоци на некои плажи во Шпанија.

10. Нелегално е да се предвиди нечија судбина во Мериленд.

11. Незаконски е увоз и продажба на гуми за џвакање во Сингапур.

12. Во Фиренца може да добиете парична казна ако јадете или пиете во близина на црква или некоја јавна институција.

13. На граѓаните на Монако им е забрането да коцкаат во казиното Монте Карло.

14. Во Кина, секој мора финансиски да се грижи за своите стари родители.

15. Канадските радио станици мора да пуштаат музика од канадски автори.

16. Во швајцарскиот кантон Апенцел Инерходен е забрането планинарење.

17. Јавните институции во Вајоминг мора да имаат уметнички дела на ѕидовите.

18. До 2015 година беше забрането да се игра во Јапонија по полноќ.

19. Во сојузната држава Џорџија, на вашата кокошка и е забрането со закон да преминува пат.

20. Во канадска Ошава е забрането качување на дрвја.