20 лица ја изгубија битката со ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа од направени 2.974 тестирања, регистрирани се 393 нови случаи на КОВИД-19.

Регистрирани сe 397 оздравени пациенти, додека пак пријавени се 20 починати лица:

  • 9 починати лица од Скопје (52г, 54г, 54г, 69г, 75г, 80г, 81г, 82г и 84г)
  • 2 починати лица од Куманово (82г и 86г)
  • 2 починати лица од Струга(56г и 68г)
  • 2 починати лица од Велес (69г и 76г)
  • едно починато лице од Кавадарци (63г)
  • едно починато лице од Гостивар (69г)
  • едно починато лице од Кичево (68г)
  • едно починато лице од Крива Паланка (70г)
  • едно починато лице од Свети Николе (62г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 21.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се 3 лица од Скопје и 2 лица од Тетово на возраст од 52 до 78 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.846 бројката на оздравени пациенти е 176.278, на починати е 6.783, а бројот на активни случаи изнесува 10.785.