20% од новозаразените припаѓаат на британскиот сој – побрзо се пренесува, а напаѓа и поголем број на клетки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека дури 20% од бројот на заразени во последниве неколку денови му припаѓаат на мутираниот британски коронавирус.

„Гледаме што се случува и какви тешки локдауни се препорачуваат во земјите. До сега кај нас регистрирани се нешто над 20 мутации на коронавирус“, истакна Филипче.

Министерот додава дека ова не е нешто ново за овој тип на вирус и се очекува во иднина да се појават уште повеќе мутации.

Посочува дека оваа мутација на вирусот се шири многу побрзо и дека напаѓа поголем број на клетки во нашиот организам, а токму поради тоа, ситуацијата будно се следи и доколку има потреба ќе бидат препорачани и нови рестриткивни мерки.