Пожар на траект со возила во близина на Миконос, евакуирани 29 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожар избувна рано утрово на палуба на товарен траект што пренесувал возила, додека пловел северно од грчкиот остров Миконос, а 29 лица, од кои 28 членови на екипажот и еден патник биле безбедно евакуирани и пренесени на островот Тинос.

Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, на траектот што пловел под грчко знаме и сообраќал на редовна линија, од засега непознати причини избувнал пожар, а интервенираат патролни бродови, бродови на противпожарната служба, како и реморкери.

Гаснењето на пожарот е во тек, а според грчките медиуми на траектот има 166 камиони и 29 автомобили.