20 пожари на отворено во Македонија, 8 сè уште активни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На ден 28.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, 3 се под контрола, а 9 се изгаснати, велат од ЦУК.

Активни пожари – 8:
Општина Сарај: с. Копаница (ниска вегетација);
Општините Гостивар и Македонски Брод: с. Трново (Општина Гостивар) кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод) (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат);
Општина Чашка: над с. Нежилово, м.в. Сватови (ниска вегетација и единечни дрва);
Општина Јегуновце: с. Копанце (мешана шума);
Општина Прилеп: над Касарната во Прилеп (дива депонија и ниска вегетација);
Општина Прилеп: кај Старите гробишта во Прилеп (ниска вегетација);
Општина Охрид: с. Велмеј – с. Брежани (ѓубре и ниска вегетација);
Општина Прилеп: с. Црнилиште (ниска вегетација).

Пожари под контрола – 3:
Општина Делчево: депонија (ѓубре);
Општина Делчево: с. Црквенец (ниска вегетација);
Општините Студеничани и Зелениково: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (Општина Студеничани) и кракот кон с. Палиград, над с. Вражале и с. Тисовица (Општина Зелениково) (мешана шума).

Изгаснати пожари – 9:
Општина Струмица: с. Банско (дива депонија);
Општина Берово: с. Будинарци (нискостеблеста вегетација);
Општина Брвеница: с. Милетино (стрниште);
Општина Струмица: с. Банско (дива депонија);
Општина Струмица: с. Чанаклија (дворно место);
Општина Пласница: с. Дворци (дива депонија);
Општина Македонски Брод: с. Девич (ниска вегетација);
Општина Бутел: бул. „Македонска бригада“ (ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Паниќари (нискостеблеста вегетација).