2000 денари повеќе за вработените на Клинички центар – Серафимовски: Потпишавме Анекс за да бидеме сигурни дека ќе се реализира

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Независниот синдикат на Клиничкиот центар Мајка Тереза, Скопје, постигна договор за покачување на нето платата за 2000 денари, исплата на ноќна работа, стаж и додатоци за здравствените работници. Затоа е откажан најавениот протест за денеска. Потпретседателот на Синдикатот, Предраг Серафимовски, кој бил на средба со министерот за здравство, вели дека договорот ќе се спроведува од февруарската плата во 2023.

Не не сфатија сериозно досега додека не најавивме протест, вели доктор Серафимовски за ТВ21. Покачување на платите ни ветија уште во март оваа година, но додава дека ветувањето не е исполнето од министерот за здравство, Беким Сали. За да бидат сигурни во сегашното ветување, потпретседателот на синдикатот вели дека потпишале анекс договор.

Постигнат е договор администрацијата во здравство да остане дел од здравствениот систем и да не премине во јавна администрација. Ова ќе ги заштити од трансфер од еден во друг град и кратење на платите, вели Серафимовски. Исто така, прифатена е понудата да не се менува индивидуалниот колективен договор на лекарите за платите и додатоците. Колку ќе го чини буџетот ова покачување и дали е предвидено во предлог буџетот за 2023, прашавме во МЗ, но не добивме одговор.